Озтурк: Настапите во Македонија ми помогнаа да се подобрам и да созреам

Турскиот репрезентативец Халил Озтурк во Македонија настапуваше една и пол сезона и ги носеше дресовите на два клуба.

Средниот бек играше за Металург и за Охрид, а во интервју за турскиот „Еуроспорт“, Озтурк откри дека настапите во Македонија му помогнале да созрее.

„Мислам дека искусувањето не само на спортската култура на Турција, туку и на спортската и социјалната култура на различни земји како Македонија, каде што играв за Металург и Охрид, како и Катар, даде многу позитивен придонес во мојата спортска кариера. Оставени сте сами со сосема поинаква култура. Сфаќате дека има многу области каде што треба да истражувате и да се подобрите. Чувствувате осаменост, доживувате тешкотии и созревате. Кога ги гледам моите искуства во странство, мислам дека се подобрив и созреав, настапите во Македонија ми помогна во тоа. Доживувањето и делот од спортската култура на различни земји беше еден од најдобрите моменти во мојата спортска кариера“, вели Озтурк.

По заминувањето од Македонија, Озтурк настапуваше во Катар, а минатото лето се врати во Турција каде го облече дресот на Бејкоз.