По четири порази во серија, тимот на Овче Поле запиша победа во прволигашката конкуренција во 22 коло.
Во Свети Николе, Овче Поле го совлада тимот на Шампион со 33-25, a победата беше најавена уште по првиот дел кога домашните водеа со 16-12.
Во продолжението предноста на Овче Поле се движеше меѓу шест и осум погодоци, па немаше дилеми околу победникот.
Најдобри стрелци во победничкиот тим беа Димитров со шест, како и Ристов и Стаменков со по пет гола, додека кај Шампион, Јовчевски постигна десет погодоци.

























