„Останувањето на Сагосен во Колстад значи дека работите ќе бидат позитивни“

Норвешкиот репрезентативец Сандер Сагосен пред извесен период го продолжи актуелниот договор со Колстад.

Сагосен и раководството на клубот се договорија на нова соработка, која ќе биде со важност до 2027 година.

Претходно, тренерот Кристијан Берге се обврза на ист таков договор, но од клубот на лето си заминува еден од најдобрите играчи, десниот бек Магнус Род.

Поранешниот играч на ГОГ и Флендбург, Горан Јоханесен, вели дека останувањето на Сандер Сагосен е главен фактор во неговите размислувања за иднината.

,,Во Колстад сте пред сѐ поради спортската посветеност. Тоа што Сандер Сагосен го продолжи договорот значи дека инвестицијата ќе биде добра и работите ќе бидат позитивни. Потоа секако зависи од тоа дали има повеќе ракометари кои ќе го направат изборот што го направи Сандер“, изјави Јохансен во интервју за норвешката телевизија ТВ2.

Како што е познато, норвешкиот шампион имаше финансиски проблеми, но најверојатно ќе ја надмине кризата.

Финансиските проблеми се минато: Сагосен во Колстад до 2027 година!