Ончев и Илиев комбинираа 20 гола, велешани се израдуваа на втора суперлигашка победа!

Новиот суперлигаш Бисинов ФЛ запиша втор триумф во суперлигашкото друштво, откако славеше на домашен терен против составот на Струга со 37-30. Ова е втора победа за велешани во меѓусебните дуели со овој ривал, откако славеа и на премиерниот меч од сезонава на гостински терен, а сега првпат се радуваат и на домашен терен во елитната конкуренција.

Најзаслужни за триумфот на велешани беа бековите Ивица Илиев и Тоше Ончев кои комбинираа 20 гола. Момците на Владимир Глигоров најавија победа уште во првото полувреме, поведоа со 5-1 на стартот, па беше и 10-5, па 14-7.

Стружани тогаш за момент се вратија во мечот. Тутенкоски одбрани неколку шута, погодуваа Пајкоски, Ѓорѓиески и Костоски и гостинските ракометари успеаја да намалат на минус три, 16-13. На паузата велешани водеа со четири гола, 19-15.

Избраниците на Наум Танески во вториот дел уште еднаш намалија пак на минус три, 21-18, но тогаш искусниот Паунов влезе во серија, велешани погодија два пати со играч помалку се одлепија на 25-19, но гостите не се откажување од бркање на негативата.

Повторно беше редот на Струга, погодија крилата Ѓорѓиески и Костоски на пет минути до крајот за 31-27, но Мијушковиќ згреши и Бисинов ФЛ тргна во напад за потврда на победата. Крилото Димов постигна клучни голови за домашните во финишот и не дозволи гостите да се понадеваат на камбек. Во финишот по трите исклучувања, црвени картони заработија Сиљанов кај домашните и Мијушковиќ кај гостите.

Најдобри стрелци во победничкиот тим покрај Илиев и Ончев, кои дадоа 13, односно седум гола, беа Димов и Трајковски со по шест реализации, додека кај Струга, Костоски имаше осум погодоци, а Пајкоски додаде уште шест. Во следното коло, Бисинов ќе го пречека Вардар во Велес, додека стружани дома ќе играат против шампионот Еурофарм Пелистер.

ПозЕкипаНПРЛБ.
1ЕУРОФАРМ ПЕЛИСТЕР22200240
2АЛКАЛОИД22200240
3ТИКВЕШ 201422113825
4БУТЕЛ221201024
5ПРИЛЕП22731217
6ПРОЛЕТ22651117
7КУМАНОВО22501710
8БОРЕЦ Ф.Л.2224168
9СТРУГА2231187
10РАДОВИШ2222186