Најдобрата голманка за минатата сезона во Женската лига во изборот на 24Ракомет, Андреа Илиќ, не ја менува средината.
Илиќ потпиша нов договор и во новата сезона ќе ги брани боите на Вардар, кој заврши во ТОП 4 минатото првенство.
Таа имаше одлични партии на најголем дел од натпреварите и немаше сомнеж дека раководството ќе и понуди нова соработка.
Покрај Илиќ, на голот на Вардар ќе остане и младинската репрезентативка Вероника Ѓорѓиевска, па вардарки ќе имаат еден од најдобрите голмански тандеми.
Претходно, договорот со Вардар го продолжи и централниот бек Симона Василева.