Европската ракометна федерација (ЕХФ) денеска објави дека за натпреварите во Лигата на шампионите во машка и женска конкуренција во изминатата сезона имало голем интерес од ракометните љубители.
Според објавените податоци, околу милион навивачи ги гледале натпреварите во живо од женската и машката европска елита, во која претставник од Македонија беше старо-новиот шампион Еурофарм Пелистер.
Битолчани на домашните натпревари имаа голема поддршка од трибините, во Битола гостуваа Кил, ПСЖ, Алборг, Загреб, ПИК Сегед…а спортската сала „Боро Чурлевски“ беше претесна за сите фановите.
Титулата во ЛШ кај мажите ја освои Барселона со победата над Алборг од 31:30 на Ф4 турнирот во Келн, додека кај жените нов европски шампион стана Ѓер, кој во финалето славеше против Битигхјам со 30:24.