Екипата на Охрид настапот во плеј-оф фазата ќе го започне во Скопје, каде што ќе се сретне со Бутел.
Амбициозниот Охрид, кој во следната сезона ќе има уште поголеми амбиции, во регуларниот дел ги доби двата натпревари против скопскиот тим (26:23, 33:28).
Левото крило Гоце Ојлески го најави гостувањето кај незгодниот тим на Горан Кузманоски.
„На стартот од плеј-офот нè чека тежок дуел со Бутел на гостински терен. Се работи за квалитетна екипа, која игра цврсто и борбено, особено на свој терен. Ние ќе се подготвиме најдобро што можеме и секако дека посакуваме успешно да го започнеме плеј-офот“, изјави Ојлески.
Натпреварот меѓу Бутел и Охрид се игра в четврток, со почеток од 18:00 часот.
Избраниците на Алушовски во 2. коло на свој терен ќе го пречекаат актуелниот шампион Еурофарм Пелистер.