Охрид загуби од Металопластика на првата контрола во Србија, дебитираше Јукиќ

По турнејата во Грција, тимот на Охрид се наоѓа на подготовки во Србија каде ќе одигра шест контролни натпревари.

Првиот дуел против некогашниот европски првак Металопластика Шабац, заврши во корист на домаќините со 33-31.

Иако на полувремето избраниците на Стевче Алушовски водеа со 17-16, сепак на крајот беа поразени.

На овој дуел дебитираше хрватскиот десен бек Јукиќ со четири гола, додека најефикасни беа Орјоникидзе со осум и Цирар со седум погодоци.

Претходно Охрид славеше против Дукас и АЕК Атина, а загуби од Олимпијакос.