Охрид задржа двајца ракометари – Андоновски и Ѓорѓески ја продолжија верноста за една сезона

Тимот на Охрид продолжува со склопување на играчкиот мозаик за наредната сезона и ги продолжи соработките со уште двајца ракометари.

Нови договори на уште една сезона потпишаа левото крило Крсте Андоновски и чуварот на мрежата Даниел Ѓорѓески.

Претходно охриѓани се договорија за продолжување на соработките со уште петмина – Владимир Бојаниќ, Гал Цирар, Иван Тасески, Никола Шипинкоски и Милорад Кукоски.

Охриѓани оваа сезона играат одлично во суперлигашкиот плеј-оф и се на добар пат да обезбедат место во Европа за следната сезона.