Некогашниот стратег на Војводина и селектор на Србија, Борис Ројевиќ, ќе биде нов предводник на тимот на Охрид.
Како што е познато, Србинот со македонскиот супрлигаш се договори на соработка од три сезони, па така покрај езрото ќе остане најмалку до 2028 година.
Ројевиќ вели дека ростерот не е затворен, во план се уште голман и лев бек, а доколку се појави потреба, клубот може дополнително да се засили на полусезона.
,,Работиме на промени кои нема и не можат да бидат радикални. Ќе се промени составот, додаваме и некои луѓе во стручниот тим. За кондицијата ќе биде задолжен Андрија Њаради, млад стручњак, син на легендарниот тренер Ненад Њаради. Се договоривме да соработуваме со Предраг Вејин, Тилен Стрмљан и Николаос Лиапис. Во план се и голман и лев бек, со опција да додадеме уште едно засилување во јануари доколку сметаме дека е потребно. Ова е нешто што е рамка за првата година”, изјави Ројевиќ.
Засега е познато дека на лето во редовите на „гладијаторите“ доаѓаат триото бекови – Анте Иванковиќ, Тилен Стрмљан и Предраг Вејин, како и пивотот Николас Лиапис.
Ројевиќ: Луѓето во Охрид се гладни за успех – решени се да направат нешто големо!
Охрид го промовираше Ројевиќ – Србинот потпиша до 2028 година