Средниот бек Косуке Јасухира по две години пауза се врати во Македонија и го облече дресот на Охрид.
Тој по заминувањето од Вардар се пресели во Кувајт, во тимот на Бурган, каде што игра заедно со Стипе Мандалиниќ, а сега е на позајмица во дресот на „гладијаторите“ до крајот на сезоната.
Јапонскиот интернационалец има активен договор со Бурган и за наредната сезона, иако и тој и охриѓани посакуваат да остане покрај езерото и од септември.
Дали желбата на двете страни ќе им се оствари и Јасухира и по крајот на оваа сезона ќе остане „гладијатор“ останува да видиме.
























