Ракометарите на Охрид загубија во неизвесен натпревар од тимот на Партизан со 29-27 во полуфиналето на меморијалниот турнир „Вук Рогановиќ“ во Белград.
Охриѓани одлично му парираа на српскиот тим во првото полувреме, кога беше нерешено, 17-17.
Сепак во второто полувреме домаќинот успеа да ја преземе контролата на теренот и на крајот славеше со два гола разлика.
Во битката за третото место, Охрид ќе се соочи со Динамо Панчево од 17:00 часот. Српскиот тим загуби од Нексе Нашице во првиот полуфинален двобој, па хрватската екипа ќе го предизвика Партизан во финалето.