Македонскиот суперлигаш Охрид забележа минимален пораз од Дубочица во подготвителната фаза во соседна Србија.
Охриѓани во натпревар во кој шанса имаа сите играчи, беа поразени со еден гол разлика, 27:26.
Иако составот на Стевче Алушовски на пауза имаше три позитива, 15:12, сепак, во вториот дел домаќинот беше подобриот противник на теренот.
Најефикасни во Охрид беа Теимураз Орјоникидзе со девет и Гоце Ојлески со шест погодоци.
Охрид во вториот дел од сезоната ќе игра во плеј-оф фазата во Супер лигата и ќе се бори за едно од местата кои што водат во Европа.