Екипата на Охрид последниот дел од подготовките за вториот дел од тековната сезона ќе ги одработи на домашно тло.
Избраниците на Стевче Алушовски изминатиот период се подготвуваа во Србија и таму имаа силни тестови, играа против Партизан, Динамо Панчево, Војводина…
Охриѓани во периодот од 31 јануари до 5 февруари ќе одиграат уште три контролни натпревари, сите три ќе бидат против домашни клубови.
Најпрво, на 31 јануари ќе имаат контролен натпревар против Прилеп, потоа на 1 февруари против Куманово, па на 5 февруари ќе ги одмерат силите со вицепрвакот Вардар.
Сите три натпревари ќе ги одиграат на домашен терен, односно во СРЦ „Билјанини Извори“ и влезот за сите љубители е слободен.