Охрид и Целје се борат до последен атом на реваншот од полуфиналето во Купот на ЕХФ, а на полувреме резултатот е израмнет, 11-11. Македонскиот тим „брка“ победа од два гола за да ја анулира предноста на гостите од првиот меч.
Тргнаа гостите офанзивно поведувајќи со 2-0, а на охриѓани им требаа 10 минути да го преземат водството откако Иван Тасевски погоди од контра, за 4-3 а потоа Пилиповиќ го одбрани пеналот на Миличевиќ. На другата страна исклучување доби Лука Периќ, но тоа не го искористија домашните за зголемување, правејќи техничка грешка.
Почувствува Борис Ројевиќ дека треба да подели совети, и побара минута одмор откако претходно Пилиповиќ го одбрани ударот на Макуц. Се обидуваа домашните да го зголемат водството и да го искористат времето во кое имаат играч повеќе. Наместо зголемување на водството, Целје израмни на 4-4 во 13 минута.
Тогаш на терен влезе Косуке Јасухира, играта беше забрзана, а малите бекови (заедно со Стрмљан) лесно влегува низ одбраната. Но, и на спротивната страна лесно минуваа противничките играчи, па по 20 минути играње резултатот беше 8-8. На секој гол за кој многу се трудеа Охриѓани, гостите многу полесно возвраќаа.

Тешко одеше резултатско одлепување, бидејќи и двете екипи играа и претпазливо и прецизно. Гостите пробиваа повеќе со „еден на еден“, а Охрид бараше акција со која од зицер ќе даде гол. Последните две минути од првото полувреме Охрид прв имаше шанса да поведе, ама пак направи техничка грешка.
____________________________________________________________________________________________________
Добивај директно вести на твојот мобилен телефон, приклучи се на Viber групата на семејството на 24ракомет. Со еден клик до сите ракометни вести.
_____________________________________________________________________________________________________























