Охрид беше пресилен во езерскиот двобој

Екипата на Охрид во последното коло за оваа година пред својата публика славеше над Струга со 42:25 запишувајќи ја 12-та сезонска победа и со новите два бода се позиционираше зад водечката тројка на табелата, односно на 4. позиција со 25 бода.

Ракометарите на Охрид уште од самиот старт наметнаа свое темпо кое гостите од Струга не можеа да го следат. Избраниците на Стевче Алушовски во воведниот дел имаа 5:2, овие ,,плус три” ги имаа до 10-та минута, потоа започнаа да ја зголемуваат предноста.

Охрид кон средината на првиот дел дојде до 11:6, а гостите тешко ја пробиваа одбраната на „гладијаторите“. Струга за момент ја подобри играта, намали на 12:8, но до крајот на полувремето домаќините одиграа според посакуваното и на пауза заминаа со предност од плус шест, 20:14.

Домашниот тим на стартот на вториот дел со четири гола во низа дојде до двоцифрена предност од 24:14 и веќе тука беше јасно дека бодовите ќе останат дома. Струга првиот гол во второто полувреме го постигна во 37-та минута преку кружниот напаѓач Филип Пајкоски. До финишот Охрид само ја зголемуваше предноста и речиси секоја грешка на ривалот ја казнуваше со гол за конечни 17 гола разлика.

Најефикасни во победничката екипа беа Наум Костов и Дејан Кукуловски, двајцата ракометари имаа по шест гола, а кај гостите листата на стрелци ја предводеше средниот бек Бобан Савески со пет реализации.

ПозЕкипаНПРЛБ.
1ЕУРОФАРМ ПЕЛИСТЕР22200240
2ВАРДАР 196122200240
3АЛКАЛОИД22200240
4ОХРИД22142630
5ТИКВЕШ 201422113825
6БУТЕЛ221201024
7ПРИЛЕП22731217
8ПРОЛЕТ22651117
9КУМАНОВО22501710
10БОРЕЦ Ф.Л.2224168
11СТРУГА2231187
12РАДОВИШ2222186