Натпреварот за трето место на турнирот „Крсте Андоновски“ меѓу Олимпијакос и Целје нема да се игра.
Грчкиот тим го известил организаторот дека има премногу повредени играчи и плус неколку со настинка, и не можат да имаат доволен број на ракометари за настап.
Тој меч беше планиран да се игра од 17,45 часот во СЦ „Билјанини Извори“. Со ова тимот на Целје го освои третото место, а Олимпијакос е четвртопласиран.
Финалето е закажано за 20 часот мешу Алкалоид и Вардар.