Aвион, автобус, траект…Војводина ќе стигне во Силкеборг пред стартот на мечот!

Српскиот шампион Војводина вечерва во Данска, односно во Силкеборг, ќе го одигра последниот натпревар од групната фаза во Лигата на Европа.

Ракометарите на Војводина во скандинавската земја пристигнаа дури денес и нема да имаат многу простор за адаптација, бидејќи имаа многу препреки до патешествието во скандинавската земја.

Најпрво во текот на вчерашниот ден Војводина поради гужвата на приодот до аеродромот „Никола Тесла“ во Белград за малку ќе го пропуштила летот за Франкфурт.

Сепак, откако клубот од Нови Сад пристигнал на аеродромот во Франкфурт, таму го чекало ново изненадување. Сите летови кон северот на Европа, вклучувајќи го и нивниот лет до Билунд, биле откажани поради временските услови.

Војводина денес рано наутро со лет пристигна до Копенхаген, а од данската престолнина, па се до Силкеборг ќе патува речиси пет часа со автобус.

Избраниците на Борис Ројевиќ веќе обезбедија пласман во главната фаза во второто по ранг европско клупско натпреварување.

Натпреварот меѓу Силкеборг и Војводина ќе се одигра со почеток од 18:45 часот.