Од Вардар Неготино со трансфер во Русија

Српскиот чувар на мрежата Лазар Миниќ, кој во првиот дел од сезоната ги бранеше боите на Вардар Неготино, ќе има нов предизвик во кариерата.

Миниќ кој остави добар впечаток во есенскиот дел од сезоната, а од ова лето ќе настапува во рускиот шампионат во дресот на Вороњеж.

Овој тим сезонава игра во Првата лига на Русија, но таму е лидер на табелата и од следната сезона ќе биде дел од најдобрата конкуренција со Чеховски Медведи, ЦСКА Москва, Виктор Ставропол, СКИФ Краснодар…

Миниќ кариерата ја започна во Јагодина, во Србија играше за Партизан, Велика Плана, Пожаревац, а потоа имаше интернационална кариера.

Настапуваше за германскиот третолигаш Хошдорф, потоа за исландскиот Хафнарфјордур, како и за кипарскиот Парнасос Строволу.