Од утре на пладне – продажба на влезници за најголемото дерби на македонскиот ракомет

Македонскиот шампион Еурофарм Пелистер информираше дека од утре на пладне стартува продажбата на влезници за претстојното дерби со Вардар.

Цената на влезниците за најголемото дерби на македонскиот ракомет е популарна и ќе може да се купат за 200, односно 250 денари.

Тие може да се купат на добро познатите локации во Битола, како и онлајн на веб-сајтот на македонскиот шампион – ТУКА.

Натпреварот меѓу Еурофарм Пелистер и Вардар се игра во „Боро Чурлевски“ в сабота на 10 февруари од 18:00 часот.

Вардарци стартуваат со три бода на табелата во плеј-офот, додека битолчани имаат бод помалку пред првата меѓусебна средба.