Поранешниот голман на Струга, Никола Матовиќ, кој во сезона 2021/22 беше избран за најдобар голман во есенскиот дел од сезоната во македонската лига, брани во неверојатно форма во шведскиот шампионат.
Црногорецот откако го заврши својот ангажман во Струга, во текот на 2022 година направи трансфер во Шведска и ги засили редовите на Амо.
Матовиќ во досегашниот тек од сезоната речиси на секој натпревар на својот клуб е најдобар играч и на 11 натпревари беше избран за МВП.
Статистички гледано, искусниот Матовиќ е меѓу најдобрите три голмани во суперлигашката конкуренција во Шведска.
Тимот на Амо, во кој настапува и екс ракометарот на Вардар, Васко Шеваљевиќ, се наоѓа на 10. позиција, на 23 натпревари оствари осум победи, едно реми и 13 порази.