Од Романија во Унгарија – Лазар Кукиќ три сезони во ПИК Сегед!

Еден од најдобрите репрезентативци на Србија, Лазар Кукиќ, одлучи да не го продолжи договорот со Динамо Букурешт и во следната натпреварувачка сезона ќе има нов предизвик.

Според пишувањата на „Балкан Хендбол“, 28-годишниот ракометар на лето од Динамо Букурешт ќе се пресели во редовите на ПИК Сегед, кој сака да биде важен фактор на европска сцена.

Средниот бек и раководството на унгарскиот вицепрвак се договориле на соработка со важност од три сезони.

Кукиќ во својата кариера настапуваше и за екипите на Бенфика, Ла Риоха и матичниот Партизан.

Со Бенфика во сезона 2021/22 ја освои титулата во второто по ранг европско клупско натпреварување – Лига на Европа.

ПИК Сегед за следната сезона го ангажираше голманот од ГОГ, Тобијас Тулин, како и средниот бек од Магдебург, Јонас Смарасон.