Црногорскиот чувар на мрежата Данило Михаљевиќ од ова лето ќе има нов предизвик во кариерата.
Михаљевиќ, кој минатите две сезони ги помина во составот на Пролет, во следната сезона ќе брани за романскиот Васлуи.
Црногорецот имаше одлични партии на голот на Пролет и во повеќе наврати се наоѓаше во идеалниот тим на колото во изборот на 24Ракомет.
Покрај за Пролет, Михаљевиќ настапуваше за хрватскиот Пореч, српскиот Железничар, португалскиот Сетубал и полската Пјотрковија.
Пролет ќе го има на располагање Андреј Петковски, но ќе треба да донесе уште еден чувар на мрежата за наредната сезона.