Од Куманово во Вардар – потпиша младинската репрезентативка Богојеска

Откако го донесе десниот бек Јасмина Попова од Чаир, раководството на Вардар го промовираше и второто засилување за наредната сезона.

Станува збор за младинската репрезентативка Сара Богојеска, која доаѓа од редовите на Куманово, каде што играше последните три сезони.

Левиот бек Богојеска потекнува од Прилеп, настапуваше за Деспина, пред да замине во тимот на Куманово.

Претходно Вардар ги продолжи договорите со Симона Василева и Андреа Илиќ, како и со четирите младински репрезентативки – Леона Миленкоска, Вероника Ѓорѓиевска, Нина Попова и Бојана Радевска. Останаа и Михаела Велјаноска, Нина Милевска, Дафина Соколовска, како и сестрите Ива и Ивона Кимовски.

Од „црвено-црниот“ тим си заминаа сестрите Бојана и Борјана Коцеви, кои го засилија градскиот ривал Металург Автокоманда.