Од готово вересија – Кил водеше со седум гола, на крајот освои само бод!

Германскиот Кил не успеа да му се одмазди на Алборг за поразот минатата недела и одигра само реми во Данска, 27-27. Двете екипи има три обиди за водство во последната минута, но ниту еднаш не реализираа и мораа да се задоволат со по еден бод.

Иако без својот тренер Филип Јиха, кој остана дома поради вирусна инфекција, „зебрите“ уште во првиот дел најавија поход на двата бода.

Обезбедија гостите плус четири на паузата, 17-13, а во вториот дел продолжија да ја полнат мрежата на Ландин и во еден момент имаа плус седум, 22-15.

Сепак упорниот домаќин не се откажуваше од камбек во мечот. Нилсон беше на два пати прецизен, Ландин фати две топки и на три минути до крајот беше нерешено, 27-27.

Промаши Билик во следниот напад, ниту Екберг погоди од пенал, па Алборг тргна по водство на стартот на последната минута. Домаќините изборија пенал, но Хансен не реализираше, потоа и Дувњак не беше прецизен во последните секунди и на крајот мечот заврши реми.

Најдобри стрелци кај Кил беа Билик со шест, како и Винчек и Екберг со по пет, додека кај Алборг се истакнаа Халд и Нилсон со по пет реализации.

ПозЕкипаНПРЛБ.
1КИЛ14102222
2АЛБОРГ1483319
3ПСЖ ХЕНДБОЛ1481517
4КЕЛЦЕ1464416
5ППД ЗАГРЕБ1462614
6ПИК СЕГЕД1461713
7КОЛСТАД1451811
8ЕУРОФАРМ ПЕЛИСТЕР1400140