Од Бундеслигата во просечен клуб во Данска – Валиниус ќе игра во Есбјерг!

Шведскиот репрезентативец Карл Валиниус предвреме го заврши својот ангажман во Кил и својата кариера ќе ја продолжи во Данска.

Искусниот ракометар, кој во редовите на „зебрите“ пристигна во сезона 2022/23, веднаш ќе му се стави на располагање на данскиот суперлигаш Есбјерг.

Станува збор за клуб кој се наоѓа на претпоследното место во данскиот шампионат, а левиот бек би требало да ја подобри играта во тимот и да му донеси подобри резултати, односно опстанок.

Валиниус во Есбјерг ќе остане најмалку до летото, 2027 година, а според клаузулата меѓу бундеслигашот и данскиот тим, доколку Кил сака да го врати назад тоа да биде овозможено во споменатиот временски период од три години.

Како што е познато, од Кил на лето си заминува голманот Томас Мрква, на негово место доаѓа шпанскиот репрезентативец Гонзало Перез де Варга.