Oсум од осум за битолчани – Еурофарм Пелистер триумфално низ Охрид

Ракометарите на Еурофарм Пелистер ја продолжуваат победничката серија на пријателски натпревари пред стартот на новата сезона.

Откако победија на Струшкиот турнир на четири меча, битолчани победија уште еднаш со Вардар, па со Бутел Скопје и КЛ7, а вечерва славеа кај Охрид со 25-22.

Избраниците на Жељко Бабиќ со оглед на тоа што нема да играат во Суперлигата, ниту во СЕХА и Лигата на Европа до крајот на септември, формата ја одржуваат со играње на пријателски натпревари.

Следниот викенд, битолчани патуваат во јужниот сосед, каде ќе играат три меча на турнир во организација на АЕК Атина и веројатно уште два меча против Олимпијакос.