Селекциите на Германија, Шпанија и Шведска се првите четвртфиналисти на Европското младинско првенство во Романија.
Овие три репрезентации ги запишаа своите четврти победи на континенталниот собир, а во трка за уште пет места за ТОП 8 остануваат шест репрезентации – Швајцарија, Франција, Данска, Хрватска, Унгарија и Словенија.
Сензацијата на денот ја приреди селекцијата на Летонија, која предводена од „новиот Кристопанс“ – Валдис Калнинс, десен бек кој со 14 гола донесе сензационален триумф над Норвешка со 37-35.
Словенците дадоа дури 53 гола во триумфот над домаќинот Романија, а Шпанија со четворица ракометари го одбрани последниот напад на мечот со Данска и оствари нова победа, додека Хрватите со гол во последната секунда триумфираа против Исланд.
По шок поразот од Турција, Србија загуби и од Грција, па сега е два чекори назад од битката за пласман во ТОП 16 и место на Мундијалот во Македонија наредната година.

Европско првенство, главна рунда:
група 1: Германија 4, Швајцарија 2, Франција 2, Фарски Острови 0
група 2: Шпанија 4, Данска 2, Хрватска 2, Исланд 0
група 3: Шведска 4, Унгарија 2, Словенија 2, Романија 0
Европско првенство, разигрување за пласман:
група 1: Португалија 4, Турција 2, Грција 2, Србија 0
група 2: Австрија 4, Летонија 2, Норвешка 2, Македонија 0
група 3: Полска 4, Чешка 2, Израел 2, Босна и Херцеговина 0

























