Новата „лавица“ од Ѓорче Петров доби репрезентативен повик

Новото засилување за македонскиот првак Ѓорче Петров, десниот бек Талита Алмеида одново доби репрезентативен повик.

Бразилката треба да му се стави на располагање на селекторот Kристијано Силва во рамките на ЕХФ неделата.

Јужноамериканската селекција започнува со подготовките за настапот на Олимписките игри во Париз и ќе се собере во Португалија.

Со оглед на тоа што сите повикани 21 ракометарка играат низ Европа, за да се избегнат долги патувања, собирот е во Португалија.

Таму ќе бидат одиграни две пријалтелски средби со селекцијата на Јапонија, на 29 февруари и на 2 март.