Нова бомба во Веспрем – „крадат“ уште еден ракометар на Барса!

Бразилскиот репрезентативец Тијагуш Пјетруш од следното лето би требало да го облече дресот на унгарскиот гигант Веспрем.

Според шведскиот „Афтонбладет“, дефанзивецот ги договорил личните услови и по осум сезони ќе замине од „Блауграна“.

По Емил Нилсен, кој од 2026 година ќе го брани голот на Веспрем, ова е втор ракометар oд Барса кој го носи Чави Пасквал во својот нов тим.

Во 2026 година во Веспрем ќе дојде и десниот бек на хрватската репрезентација Иван Мартиновиќ, кој сега игра за Рајн Некар Левен.