Репрезентацијата на Црна Гора, која победнички го започна квалификацискиот циклус за ЕП 2026, на вториот квалификациски натпревар ќе биде осетно ослабена.
Црногорците во второто коло ќе гостуваат кај Словачка, а на овој натпревар нема да настапи членот на Вардар, левиот бек Вуко Борозан.
Искусниот ракометар на натпреварот против Финска заработи повреда на коленото и во недела нема да може да им помогне на своите соиграчи на незгодното гостување.
Засега не е познато колку точно ќе паузира Борозан, но во следниот период би требало да се знае дали станува збор за посериозна повреда.
Вардар веќе подолго време не може да смета на Дмитро Горига, кој исто така настапува на позицијата лев бек, а повреда има и десното крило Ален Ќосевски.