Нов пораз за Ловќен и Бенфика во ЛЕ, АЕК попушти во финишот против Хановер

Ловќен на Бојан Маџовски не успеа да се израдува на првите бодови во второто по ранг европско клупско натпреварување.

Црногорскиот шампион во натпревар од 4. коло беше поразен од Кадетен Шафхаузен со 36:26 и сосема извесно е дека избраниците на Перо Милошевќ ќе бидат елиминирани уште во првата фаза.

Тимот на Ловќен на претходните три дуели не успеа да освои ни бод, но покажа дека може да парира и да игра квалитетен ракомет на европски рамки.

Најефикасен кај Ловќен беше довчерашниот член на Еурофарм Пелистер со седум погодоци, по пет постигнаа Лука Вујовиќ и Вуко Борозан. Маџовски заврши без реализација.

Бенфика, во која настапува македонскиот репрезентативец Филип Талески, го доживеа третиот пораз, откако на гостувањето во Германија кај Рајн Некар загуби со 39:30. Талески имаше еден шут кон противничкиот гол, но не се запиша во листата на стрелци.

Хрватскиот вицепрвак Нексе по победата над Повашка Бистрица од дојде до четврт триумф во низа и веќе клубот од Нашице си обезбеди билет во осминафиналето.

Екипата на АЕК Атина во натпревар од 4 коло од Лигата на Европа на свој терен одигра одлично против Хановер, но немаше многу среќа и беше поразена со 34:29.

Екс ракометарот на Еурофарм Пелистер, Стипе Мандалиник, заедно со Патрик Мартиновиќ постигнаа по седум погодоци во мрежата на гостите.

За клубот од грчката престолнина, денешниот пораз е трет, но и понатаму има шанси да обезбеди пласман во следната фаза од Лигата на Европа.

Група А
Рајн Некар – Бенфика 39:30 (20:17)
Кристијанштад – Нант 20:45ч

Група Б
АЕК  – Хановер 29:34 (16:16)
Луцерн – Горњик Забже 20:45ч

Група Ц
Винтертур – Савехоф 29:32 (14:17)
Куенка – Велење 20:45ч

Група Д
Скјерн – Брага 32:25 (15:10)
Нексе – Повашка Бистрица 35:28 (19:15)

Група Е
Кадетен – Ловќен 36:26 (17:12)
Фленсбург – Елверум 20:45ч

Група Ф
Силкеборг – Алкалоид 20:45ч
Ла Риоха – Војводина 20:45ч

Група Г
Динамо Букурешт – Фуксе Берлин 32:33 (17:16)
Шамбери – Извиѓач 34:30 (16:13)

Група Х
Хобри Глогов – Констанца 29:29 (14:19)
Спортинг – Татабања 20:45ч