Норвежаните Јоханесен и Род со мали повреди – нема да играат пријателски, ќе се „чуваат“ за ЕП

Средниот и десниот бек од првата постава на норвешката репрезентација, Горан Јоханесен и Магнус Род, имаат мали повреди пред стартот на Европското првенство во Германија.

Јоханесен има повреда на Ахиловата тетива и не беше во тренажен процес некое време, додека Род има повреда на стопалото.

Селекторот Јонас Виле одлучи тие двајца да не настапат на турнирот од Златната лига во Данска и да не играат против домаќинот, Египет и Холандија.

Двајцата репрезентативци би требало да се

Норвешка е во незгодна група со Словенија, Полска и Фарски Острови, но е фаворит за место во главната рунда на ЕП.