Норвежанецот Тонесен повторно во Германија

Норвежанецот Кент Робин Тонесен по две сезони минати во ПСЖ, од летово ќе има нов предизвик во својата интернационална кариера.

Искусниот среден бек ќе се врати во Бундес лигата и ќе го носи дресот на некогашниот европски шампион Фленсбург.

Иако има 33 години, Тонесен сè уште може да игра на посакуваното ниво и сè уште претставува голема закана за секој ривал.

Во Фленсбург ќе формира тандем со Никлас Киркелоке и се очекува да биде големо засилување за тимот.

Тонесен во својата кариера настапуваше и за екипите на ПИК Сегед, Веспрем, Фуксе Берлин, Савехоф и Халсум.