Ниту Д од дерби – Ѓорче Петров со нокаут за Металург Автокоманда!

Екипата на Ѓорче Петров во натпревар од 3. коло од Женската лига славеше на гостувањето кај Металург Автокоманда со 30:23. Иако денешниот дуел во Автокоманда требаше да биде дерби, сепак, тимот на Ѓорче Петров одигра супериорно во речиси најголемиот дел од натпреварот.

Избраничките на Симе Симовски уште на почетокот покажаа дека ќе ги освојат новите бодови. Новакот во Женската лига парираше само во воведниот дел, беше рамноправен до 2:2, потоа ,,лавиците” фатија ритам и почнаа да градат позитива.

Со серија од 5:0, актуелниот бранител на титулата се одлепи на 7:2 и до крајот на полувремето имаше целосна контрола на теренот. Ракометарките на Дамчевска во еден момент имаа негатива од минус осум, 15:7, но до крајот на полувремето успеаја да се подобрат, па така резултатот по 30 минути игра беше 17:11 во корист за гостинките.

Ѓорче Петров во грч го отвори второто полувреме и домаќинот го искористи падот во играта на гостинките, со погодоците на Гугуљанова и Трајковиќ намали на 17:13. Тимот на Симовски првиот гол во вториот дел го постигна во 37 минута преку најекспонираната Коларовска, која зголеми на 18:13.

Металург Автокоманда потоа никако не можеше да направи камбек, односно да го стаса ривалот и при предност на Ѓорче Петров од 26:18 во 50 минута беше јасно дека домаќинот нема да има никакви шанси за барем бод и мораше да му подаде рака на противникот за убедливата победа.

Најефикасна во победничката екипа беше Ана Марија Коларовска со седум погодоци. Во поразениот табор се истакнаа Теодора Гулицоска со седум и Михаела Кралева со шест реализации.

ПозЕкипаНПРЛБ
1ЧАИР880024
2АСТИБО850315
3СКОПЈЕ841313
4МРК ЃОРЧЕ ПЕТРОВ82157
5СТРУЖАНКА80080