Ништо ново од Чешка: Костески најефикасен, Плзен останува при врвот

Тимот на Плзен, каде што игра македонскиот репрезентативец Никола Костески, освои бод на гостувањето кај Фридек Мистек, со гол во последната секунда за 29-29.

Иако актуелниот шампион на Чешка водеше во вториот дел, во последната минута влезе со негатива од еден гол, па се спаси од втор пораз во серија.

Десното крило Костески беше најдобар кај гостинскиот тим и успеа да постигне седум погодоци на овој натпревар, од кои три беа од пенал.

Плзен е на второто место на табелата со 12 победи, едно реми и еден пораз, додека следниот меч го игра на 13 декември дома со Копривнице.