Ним останува без својот лидер, Санад ќе бара нов клуб

Иако официјална потврда сè уште нема, француските медиуми пренесуваат дека 34-годишниот египетски репрезентативец Мохамед Санад нема да остане во редовите на Ним.

Клубот, наводно, одлучил да не го продолжи договорот со десното крило, што значи дека искусниот ракометар ќе мора да си бара нова средина за наредната сезона.

Египќанецот остави длабока трага во Ним; од неговото пристигнување во сезоната 2016/2017, тој одигра 204 натпревари и постигна импресивни 1130 голови во францускиот шампионат.

На европска сцена, во сезоната 2021/22, кога неговиот Ним беше еден од ривалите на Еурофарм Пелистер, Мохамед Санад постигна 122 гола, иако францускиот тим не успеа да стигне до Ф4 турнирот. Само еден гол повеќе имаа најдобрите стрелци, Халил Јагањац и Петар Ѓорѓиќ

Со своите фантастични партии, стана еден од најдобрите стрелци на тимот и беше важна алка, посебно во нападот на екипата. Иако има 34 години, Санад сè уште е во одлична форма и не размислува за крај на кариерата.

Египќанецот со своето искуство би бил големо засилување за многу клубови со високи амбиции, па се очекува да има повеќе заинтересирани клубови за неговиот потпис.

Eгипетска гол машина – постигна 38 голови на три натпревари!