Николовска продолжува со одличната форма во Грција

Екипата на АЕК Атина, во која настапуваат Марија Николовска и Драгана Петковска, беше поразена на гостувањето кај Пилаја.

Во рамки од 17. коло од шампионатот на Грција, тимот на двете интернационалки од Македонија го загуби дуелот од Пилаја со пет гола разлика, 33:28.

Средниот бек Марија Николовска продолжи со одличната форма во нејзиниот прв интернационален предизвик.

Екс ракометарката на Чаир, Ѓорче Петров, Вардар и Спартак, беше меѓу најефикасните на теренот со седум постигнати погодоци.