Светската ракометна федерација ги делегираше официјалните лица за натпреварите од третото коло на Мундијалот во Хрватска, Данска и Норвешка.
Најдобрата судиска двојка Славе Николов и Ѓорѓи Начевски, по мечот меѓу Германија и Полска, добија втора мундијалска задача.
Тие ќе го судат африканскиот двобој меѓу селекциите на Тунис и Алжир, на кој победа за една од селекциите значи и место во главната рунда.
Натпреварот меѓу големите ривали се игра вечерва со почеток од 18:00 часот во „Јуске Банк Боксен Арена“ во данскиот град Хернинг.