Николов и Начевски со нова задача во елитата – ќе им судат на Сагосен, Карабатиќ, Стеинс…

Европската ракометна федерација ги објави официјалните лица за натпреварите од 7 коло во Лигата на шампионите.

Најдобрата двојка Славе Николов и Ѓорѓи Начевски добија нова задача во елитната конкуренција и ќе патуваат во Скандинавија.

Тие се делегирани да го судат натпревар меѓу норвешкиот Колстад и францускиот ПСЖ, кој ќе се игра во Тондхајм.

Двобој на Сандер Сагосен со неговиот поранешен клуб е закажан на 15 ноември во „Спектрум Арена“ со почеток во 18:45 часот.

Делегат на овој натпревар ќе биде Германката Рита Ерман Вулф.