Никола Карабатиќ има нова работа

Откако ја заврши кариерата по Олимписките игри во Париз, на Никола Карабатиќ не му требаше многу време да најде нова работа.

Tој ќе биде амбасадор на Беин Спорт во 2025 година, а во оваа улога некогашната ѕвезда на ПСЖ, Барса, Монпелје и Кил ќе го споделување своето знаење од долгата и богата кариера.

Првиот работен ден ќе му биде веќе утре на пријателскиот натпревар меѓу Франција и Чешка пред Светското првенство.

Сепак покрај ракометните натпревари, Карабатиќ ќе биде амбасадор и на големите настани како финалето во НБА кошарката, Супер Боул натпреварот во американскиот фудбал, тениските турнири од Гренд Слем серијата…

Големата француска ѕвезда ќе биде дел и од преносите на ракомените натпревари од СП 2025 во Хрватска, Данска и Норвешка.

Карабатиќ одигра 358 натпревари за Франција и освојуваше титули на сите големи натпреварувања.