Никој ништо не и може – Барса е шампион на Шпанија 15. пат по ред!

По поразот од Ваљадолид, екипата на Барселона им се врати на победите во Асобал лигата и со триумфот над Анаитасуна ја потврди новата титула.

Избраниците на Антонио Ортега славеа со 39-25, a победникот беше познат уште по првиот дел кога беше 19-14.

Ова е вкупно 32. титула во историјата на Барселона, а 15. титула по ред и одамна веќе никој ништо не му може на домашната сцена на каталонскиот гигант.

Со освојувањето на титулата, Барселона е првиот тим што обезбеди место во Лигата на шампионите за следната сезона.