„Никој нема да се пензионира – ќе одиме на ОИ, па макар и 2032 година“

Репрезентацијата на Хрватска настапот на Светското првенство 2023 го заврши на 14. позиција и не успеа да се избори за квалификации за Олимписките игри.

Иако избраничките на Ивица Обрван беа многу блиску до четвртфинале, сепак, во последниот натпревар од главната фаза против Унгарија од готово направија вересија и останаа без пласман меѓу најдобрите осум репрезентации.

Кружниот напаѓач на Хрватска, Катарина Јежиќ, во разговор за хрватскиот портал „24 сата“ зборуваше за оствареното на Мундијалот во Данска, Норвешка и Шведска.

,,Не знам која од репрезентативките уште колку врремеќе игра, но нема индиции дека некоја ќе престане. Ова е само лекција за да не се повторат работите од Мундијалот. Разговаравме за се со колешките и во ниту еден контекст не слушнав дека некоја од нас може да се откаже и верувам дека ќе продолжиме да играме во овој состав. Мене лично не ми недостасува мотивација, чекав многу долго да ја освојам Лигата на шампионите. Сакам да одам на Олимпијада бидејќи не сум била на оние во Лондон и знам дека тоа ќе се случи, дека ќе одам на Олимпијада. Мојот сон мора да се оствари или во 2028 година во Лос Анџелес или во Бризбејн во 2032 година”, изјави Јежиќ.

Членката на Дунареа Браила има 31 година и нејзиниот најголем успех е кога во сезона 2022/23 ја освои титулата во Лигата на шампионите.