Македонскиот претставник во Европскиот Куп, екипата на Ѓорче Петров ќе игра против Хазена Кинзварт во осминафиналето на ова натпреварување.
Денешната ждрепка во седиштето на ЕХФ во Виена посака во оваа фаза да се сретнат македонскиот првак и чешкиот тим.
Најважно е што Ѓорче Петров ги избегна трите шпански претставници – Гранољерс, Елче и Гран Канарија, но можеше да добие и полесен ривал од типот на турскиот Јаликавак или португалската Бенфика.
Во претходните рунди Ѓорче Петров ги елиминира црногорскиот Тиват и белгискиот Ојпен со четири победи, додека Кинзварт беше подобар од швајцарскиот Винтертур и од холандскиот Вестфрисланд.
Првиот натпревар е на програмата на 13/14 јануари во Скопје, додека реваншот ќе биде на 20/21 јануари на гостински терен.