Ненадиќ се врати на интернационална сцена, ќе игра во Шпанија

Екипата на Уеска, во која настапува екс ракометарот на Струга и Еурофарм Пелистер 2, Мерис Бошњак, се засили со Драшко Ненадиќ.

Поранешниот репрезентативец на Србија и брат на Петар Ненадиќ во шпанскиот суперлигаш ќе настапува до крајот на тековната сезона.

Левиот бек со своето големо искуство се очекува да биде големо засилување во тимот на Уеска.

Ненадиќ во својата кариера настапуваше и за неколку клубови од Шпанија, а дел од интернационалната кариера ја мина во Бундес лигата.

По 16 одиграни кола во Асобал лигата, Уеска се наоѓа на последното место и во остатокот од сезоната ќе се бори да остане во најквалитетното натпреварување во Шпанија.