„Немавме голмански одбрани, но имавме добри контранапади и заслужено сме во главна рунда“

Машката репрезентација на Македонија го одигра вториот натпревар на Европското првенство во Германија и загуби од домаќинот со 34-25.

Германскиот селектор Алфред Гисласон е среќен што неговата селекција оди во главната рунда.

„Среќен сум дека победивме и сме во главната рунда, имамве повеќе проблеми во одбраната со тактиката „седум на шест на Македонците“. Исто така немавме ниту многу голмански одбрани, но тоа што го правевме добро беа контранападите, постигнавме неколку лесни голови, почна Шпет да брани добро и на крајот заслужено го добивме натпреварот“, вели Гисласон.

За Германија останува дуелот со Франција кој може да реши кој ќе биде прв во групата, а за Македонија останува натпревар против Швајцарија.