Немаа ниту еден пораз во регуларниот дел, но беа елиминирани во плеј-офот!

Тимот на Коњалти, каде настапуваат двете македонски репрезентативки, Ивана Гакидова и Елена Ѓорѓиевска доживеа два тешки порази во полуфиналната серија на турскиот плеј-оф.

Иако во регуларниот дел на првенството Коњалти имаше 20 победи на 20 натпревари, на крајот настапот го заврши со два порази од Јенимале во полуфиналето.

Проблемите во клубот придонесоа скоро целиот пролетен дел Коњалти да го игра со десеткуван ростер, па тоа го зема данокот на крајот на сезоната.

Јенимале славеше на првата пресметка со 45-41, додека на втората победи со 43-37 и го остави актуелниот освојувач на трофејот во Европскиот Куп.