Некогашниот пелистерец одигра одлично на ЕП и си доби нов договор

Хрватскиот репрезентативец Томислав Кушан потпиша нов договор со францускиот Лимож на една сезона.

Кушан одигра одлично на Европското првенство во Германија во дресот на Хрватска, а тоа беше знак за клубот дека треба што поскоро да му понуди нова соработка.

Со новиот договор Кушан се обврза да остане во клубот предводен од Алберто Ентрериос најмалку до летото 2025 година.

Тој дебитираше во хрватската репрезентација на големо натпреварување и заедно со Начиновиќ и Шипиќ ја сочинуваа тројката на линијата од шест метри.

Пред настапите во Лимож, Кушан играше во бундеслигашот Вецлар, Пореч, Медвешчак и Еурофарм Пелистер, каде исто така остави одличен впечаток.