Некогашната вардарка се врати дома: Алена Ихнева ќе игра за ЦСКА Москва

Своевремено една од најталентираните руски ракометарки, Алена Ихнева, во новата сезона се врати во татковината.

По една сезона во турскиот тим Бурса Бујукшехир, Ихнева се врати дома и ќе го носи дресот на рускиот вицепрвак ЦСКА Москва.

Ихнева низ кариерата покрај за матичната Лада, две сезони мина и во Вардар, а потоа патот ја водеше низ Франција (Флери Луар), Хрватска (Подравка), Русија (Астраханочка), Унгарија (Кишварда).

Во Турција, покрај за Бурса, играше и за составите на Кастамону и Анталија Коњалти со кој го освои трофејот во ЕХФ Европскиот Куп. Во татковината беше дел и од Черноморочка.