Некогашната голманка на Вардар, Маиса Песоа, во новата сезона ќе има нов скандинавски предизвик во кариерата.
Бразилската интернационалка минатата сезона ја мина во дресот на данскиот Хорсенс, а сега се сели во норвешката Сола.
Тренер на Сола е Стефан Стегавик, сопруг на уште една екс вардарка, Камила Херем, па јасна е конекцијата за овој трансфер.
Песоа играше за францускиот Иси Париз, потоа за рускиот Динамо Волгоград, па дојде ЧСМ Букурешт, со кој стана и европски првак.
Потоа се пресели во Вардар, но остана само една сезона пред да замине во Ростов Дон, каде имаше одлични партии.
По заминувањето од Русија играше за романската Дунареа Браила, додека лани реши да замине во Скандинавија.